Во Реал Мадрид стравуваат дека Рафаел Варан може да одбие да потпише нов договор, пренесува „Марка“.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Дефанзивецот има договор со „кралскиот“ клуб до 2022 година и доколку не стави потпис на нов договор на лето ќе мора да биде продаден.
Пари Сент Жермен и Манчестер Јунајтед покажуваат најсериозен интерес за Французинот, а бидејќи влегува во последната година од договорот неговата цена ќе биде 50 милиони евра.
Реал сака да го задржи дефанзивецот и му понуди нов договор, но преговорите не одат во добра насока, бидејќи Варан преферира да ја промени средината.
Варан е на „Сантиаго Бернабеу“ веќе 10-та сезона и моментално заработува 6 милиони евра, а со новиот договор бара плата од 10 милиони евра по сезона.