Дома Фудбал Италија Проблем за Инзаги: Интер без играчот за врска скоро до крајот на месецот

Проблем за Инзаги: Интер без играчот за врска скоро до крајот на месецот

Во наредните 15-тина дена средниот ред на Интер нема да биде комплетен, пренесуваат италијанските медиуми.

Давиде Фратези има проблеми со повреда на мускулот и се очекува да ги пропушти наредните два натпревари во Серија А. Екс-фудбалерот на Сасуоло нема да биде на располагање за саботното дерби против Рома, а ќе го пропушти и дуелот со Салернитана на 16-ти февруари во Милано.

Ако прогнозите се покажат како точни, Фратези на теренот би се вратил на 20-ти февруари кога Интер го дочекува Атлетико Мадрид во првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампионите.

Интер е прв на табелата во Серија А по 23 одиграни кола и има четири бода повеќе и натпревар помалку од Јувентус. Фратези сезонава одигра 19 натпревари за Интер и постигна два гола. Иако стандарден репрезентативец на Италија се уште нема сигурно место во стартниот тим на Инзаги.

Фратези кај Инзаги  е прва алтернатива зад одличното трио на теренот, Барела, Микхтаријан и Чалханоглу.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Кин сака да игра во Лигата на шампионите, го бојкотирал тренингот на Фиорентина!

Мојзе Кен, кој играше одлично во претходните неколку сезони во дресот на Фиорентина, е реш…