Шпанецот Феран Торес ќе биде надвор од терените на неодредено време откако заработи скршеница на стапалото.




Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Торес со Шпанија играше во финалето на Лигата на Нации, а повредата ја заработи токму на фајнлфор во второто издание од новото репрезентативно натпреварување на УЕФА. Констатирано е дека се здобил со скршеница на стапалото на десната нога.




Од Сити објавија дека во моментов не можат да потврдат колку би траел процесот на неговата рехабилитација.




„Торес во клубот се врати повреден и ќе продолжиме да ја следиме неговата состојба, во овој момент не се знае колку точно ќе трае неговата рехабилитација“, објавија од Сити.