Дома Македонски спорт Мак ракомет Проблем за Вардар: Анте Гаџа надвор од терените до крај на 2022 година!

Проблем за Вардар: Анте Гаџа надвор од терените до крај на 2022 година!

Вардар неодамна го освои Купот на Македонија, а црвено-црните се и пред нова титула во првенството, меѓутоа сега Вардар се соочува со проблем за следната сезона.

Хрватот Анте Гаџа го повреди коленото во настапот за Хрватска во квалификациите за Европското првенство против Словачка, а сега после направените лекарски прегледи беше објавено дека Гаџа се здобил со една од најтешките повреди за секој спортист.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Настрадале предните вкрстени лигаменти и Гаџа го очекува најмалку шест месеци реахабилитација, а тоа значи дека нема да му биде на располагање на Вардар скоро цела прва полусезона од следното првенство.

Ќе потсетиме, Гаџа во март го продолжи договорот со Вардар што е само потврда дека тој е важен ракометар за составот од Скопје и ова сигурно се лоши вести.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Ѓоковиќ ја објасни разделбата со Иванишевиќ: Не знам дали ќе имам нов тренер

Новак Ѓоковиќ во Белград зборуваше за разделбата со Горан Иванишевиќ и истакна дека помеѓу…