Дома Топ вести Проблем за Барселона, Дембеле одбива да стави потпис на нов договор

Проблем за Барселона, Дембеле одбива да стави потпис на нов договор

Барселона се уште не може да постигне напредок во преговорите со Осман Дембеле за продолжување на соработката, пренесуваат каталонските медиуми.

Дембеле има договор со клубот до крајот на сезоната и во два наврати ја одби понудата од раководството за продолжување на соработката.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Агентите на Французинот не се задоволни од понудата и му порачале на раководството дека Дембеле има потенцијал да ја освои „Златната топка“, па сакаат повисока плата.

Барселона е загрижена поради фактот дека може да го загуби Дембеле без обештетување, па доколку играчот не стави потпис на нов договор наскоро може да биде продаден во јануари.

Дембеле во Барселона пристигна во 2017 година за 115 милиони евра и од тогаш одигра 121 натпревар на кои постигна 30 гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Сејдини: Македонија може да има успех во Лигата на Нации, знам дека тоа го мисли и селекторот

На Редовното генерално Собрание на Фудбалската федерација (ФФМ) на Македонија, претседател…