Дома Фудбал Проблем за Барса: Еден од најважните играчи мора на операција

Проблем за Барса: Еден од најважните играчи мора на операција

Роналд Араухо има сериозна повреда на задната ложа, мора да оди на операција и ќе паузира околу четири месеци.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Деталните медицински прегледи покажаа дека се работи за посериозен проблем поради кој Уругваецот ќе биде во „аут“ неколку месеци.

Араухо се здоби со повреда на бутот за време на четвртфиналето на Уругвај во Копа Америка против Бразил пред една недела, кога беше принуден да излезе од теренот половина час по натпреварот.

Ова е проблем за Барселона бидејќи на Европското првенство се повреди Педри, а од поодамна повреди лекуваат уште Гави и Де Јонг.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Анчелоти првпат емотивно се расплака пред Мундијалот

Карло Анчелоти, еден од најпризнатите тренери во историјата, се подготвува да го води браз…