Дома Фудбал Германија Проблеми помеѓу Левандовски и Баерн

Проблеми помеѓу Левандовски и Баерн

Роберт Левандовски и раководството на минхенски Баерн наишле на препрека при потпишување на новиот договор.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Полскиот напаѓач е врзан со договор за баварскиот великан до 2021. година, но клубот му понуди нов договор кој е за една година подолг од актуелниот.

Меѓутоа, 30-годишниот фудбалер сака подолг договор со минхенскиот тим. Нема намера да ја продолжува соработката за само една дополнителна година и сега дојде до проблем во преговорите.

Лева веќе пет години е член на Баерн. Освои апсолутно се со овој клуб, а иако често се поврзуваше со заминување, тој и натаму е член на Баерн.

Оваа сезона Левандовски повторно играше добро. Одигра вкупно 45 натпревари, постигна 38 погодоци и запиша 13 асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Феликс го натера и Роналдо да му се поклони (Видео)

Жоао Феликс го одбележа натпреварот на Ал-Наср и Ал Фатех во Саудиска Арабија. Актуелниот …