Жозе Мурињо без петмина првотимци го водеше денешниот тренинг на Манчестер Јунајтед.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
„Црвените ѓаволи“ утре ја пречекуваат Севиља во реваншот од осминафиналето во Лигата на шампионите. „Нулата“ на „Санчез Пизхуан“ секако е незгодно за фаворизираниот Манчестер Јунајтед кој доколку сака пласман во следната фаза ќе мора да победи.
Во овој натпревар избраниците на Мурињо влегуваат по победата над Ливерпул од 2:1 во градското дерби, но Португалецот ќе има одредени проблеми при склопувањето на тимот.
Имено, во понеделникот на тренингот во Карингтон не присуствуваа Пол Погба, Маркус Рохо, Дејли Блинд, Фил Џонс и Андер Ерера. Покрај овие лоши вести за „ѓаволите“ има и добри – се враќаат Ентони Марсијал и Златан Ибрахимовиќ.
„Не знам“, беше одговорот на Мурињо на прашањето дали Погба ќе биде спремен за настап против Севиља.