Нови проблеми за тренерот на Арсенал, на неколкуте повредени фудбалери сега им се приклучи и летното засилување на „топчиите“, Лукас Перез.
.
Два месеци ќе отсуствува од фудбалските терени Лукас Перез кој ги повреди лигаментите на скочниот зглоб на натпреварот против Рединг во англискиот Лига куп.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Поради тоа, до средината на декември Арсен Венгер ќе се соочува со проблеми во нападот на екипата, а Перез кој ова лето пристигна како засилување на Арсенал од екипата на шпански Депортиво ќе пропушти неколку важни натпревари.
Перез ќе ги пропушти натпреварите против Тотенхем, Манчестер Јунајтед и ПСЖ, но со оглед на тоа што тој не ни добиваше премногу шанса од Венгер, веројатно во екипата нема да се почувствува неговото отсуство.