Една од првите ѕвезди на англиската репрезентација, Деле Али се повреди на натпреварот против Тунис.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Али излезе од игра во второто полувреме против Тунис откако почуствува болка, а го замени Лофтус-Чек.
Англиските медиуми пренесуваат дека Али го пропуштил утринскиот тренинг поради таа повреда и веројатно нема да игра против Панама во неделата.
Ова секако би можело да биде проблем за репрезентацијата на Англија со оглед на тоа дека Али е важен фудбалер во тимот на Саутгејт.
Да потсетиме, Англија го доби првиот натпревар против Тунис со двата погодоци на Хари Кејн, а во случај на победа против Панама би можеле да го обезбедат осминафиналето на коло пред крајот од групната фаза.