Дома Топ вести Пристигнала првата официјална понуда за Јовиќ и таа изнесува 56 милиони евра!

Пристигнала првата официјална понуда за Јовиќ и таа изнесува 56 милиони евра!

0
jovic

Eкипата на Барселона веќе со недели се поврзува со Лука Јовиќ. Меѓутоа „Мундо Депортиво“ денес пишува дека и покрај тоа што Каталонците 16 пати во живо го гледале Јовиќ би можеле да извисат кога во прашање е неговиот потпис.

Според последните информации во трката за ангажман на српскиот напаѓач влегол Баерн и тоа она како што Германците знаат. Прецизно и брзо. На адреса на Ајнтрахт пристигнала понуда вредна 56 милиони евра што е прв пат некој клуб конкретно да истакне колку е спремен да плати за Јовиќ

Веста во јавноста ја пласираше новинарот на „Мундо Депортиво“, Мигел Рико наведувајќи дека истата била испратена минатата недела.

Интересот на Баерн и тоа како има смисла, а за тоа има барем две причини. Првата е Нико Ковач, поранешниот тренер на Ајнтрахт под чие водство позајмениот напаѓач од Бенфика ја најави експлозијата на терените во Бундес лигата уште минатата сезона. Вториот е советот од Драгослав Степановиќ да остане во Бундес лигата.

„Мундо Депортиво“ потсетува и на тоа дека на вчерашниот натпревар помеѓу Португалија и Србија присуствувале Ерик Абидал и Рамон Планес од Барселона, но немаа прилика на дело да го видат Јовиќ затоа што остана на клупата за резерви. Тоа секако не го менува ставот на Каталонците за Србинот, но сега се појави Баерн и ако го сакаат Јовиќ ќе мора да дејствуваат брзо и да испратат повисока понуда.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Аталанта во финишот од преодниот рок добива засилување од Милан

Aталанта и Милан имаа соработка во последно време. Клубот од Бергамо се спрема за почетоко…