Дома Фудбал Репрезентации Претседателот на ФИФА: Светското првенство без Италија е трагедија

Претседателот на ФИФА: Светското првенство без Италија е трагедија

infantino

Претседателот на Светската фудбалска федерација (ФИФА) изјави дека претсојниот Мундијал во Русија без Италија ќе биде вистинска трагедија.

„Aѕурите“ не се квалификуваа за Мундијалот прв пат после 1958 година. Италија во баражот беше елиминирана од репрезентацијата на Шведска.

Инфатино коментарот за неуспехот на италијанската репрезентација го даде додека присуствуваше на церемонијата на доделувањето на признанијата на Олимпискиот комитет на Италија во Рим.

„Пред да станам директор, бев навивач и морам да признаам дека Светското првенство без Италија е вистинска трагедија. Очигледно дека е потребно напорно да работите за да ја вратите Италија онаму каде што и е местото, во светскиот врв“, изјави Инфантино, кој Швајцарец, но поседува и италијанско државјанство.

Светското првенство во Русија ќе се одржи од 14 јуни до 15 јули 2018 година, а титулата светски шампион ќе ја брани Германија.

italy

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Бензема објави фотографија од авион па веднаш ја избриша

Францускиот напаѓач Карим Бензема се најде во центарот на вниманието поради една објава на…