Претседателот на Манчестер Сити, Ал Мубарак вети дека клубот ќе донесе адекватна замена за Серхио Агуеро.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Аргентинецот го напушти клубот како слободен агент, а во изминатите години стана најдобар стрелец во историјата на клубот.
Приоритет на „граѓаните“ во летниот преоден рок ќе биде доведување на врвен напаѓач, а на листата се наоѓаат Хари Кејн, Халанд, Лукаку…
„Загубивме легенда како Серхио Агуеро. Многу е тешко да се потполни неговото место, но ќе го донесеме вистинскиот играч за да го замени. Има и други зони во тимот кои треба да бидат засилени, но приоритет е секако нападот“.
„Мислам дека имаме одличен тим и немаше да ја освоиме Премиер лигата и да дојдеме до финале во ЛШ ако не беше така. Не ни е потребен квантитет, но ќе го зголемиме квалитетот на трансфер пазарот“, изјави претседателот на Сити.