Претседателот на Атлетико Мадрид, Енрике Серезо ги коментираше шпекулациите за интересот на ѕвездата на Манчестер Јунајтед, Кристиано Роналдо.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Серезо ја затвори вратата за Роналдо и истакна дека трансферот на 37-годишниот Португалец е невозможен.




„Не знам кој ја измисли оваа приказна за Роналдо и Атлетико. Ова дефинитивно не е вистина. Речиси е невозможно Роналдо да се пресели во Атлетико“, изјави Сересо.




Роналдо има уште една година од договорот со Јунајтед, но инсистира да ја промени средината, а медиумите тврдат дека Ателетико Мадрид е најреална опција.