Дома Топ вести Пресврт: Суарез со еден потег навести останување во Барса (фото)

Пресврт: Суарез со еден потег навести останување во Барса (фото)

Веќе подолго време се шпекулира со иднината на Луис Суарез за кого медиумите тврдат дека сигурно ќе ја напушти Барселона ова лето.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Изминатите денови се шпекулира дека Суарез веќе се договорил со Јувентус за тригодишна соработка и во Торино ќе заработува 10 милиони евра по сезона.

Информациите беа дека наводно се е договорено, но по последната објава на голгетерот на социјалната мрежа Инстаграм се чини дека од тоа нема ништо.

Уругваецот објави фотографија од денешниот тренинг и напиша „Лажни вести“.

Ова беше протолкувано дека Суарез сигурно останува во Барселона и оваа сезона, а наводно Меси одиграл клучна улога во тоа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Зошто швајцарскиот селектор одеднаш ја смени маицата на почетокот на натпреварот?

Швајцарија со победата против Канада од 2:1 го обезбеди првото место во групата и пласмано…