Дома Македонски спорт Пресврт со Елмас: Го известил Наполи дека сака да си замине?!

Пресврт со Елмас: Го известил Наполи дека сака да си замине?!

Maкедонскиот репрезентативец Елиф Елмас, сезонава и како резерва во Наполи успеа да постигне шест гола и да забележи три асистенции и така даде свој придонес за освојувањето на Скудетото. Новинарот Лука Черконе сега објави дека македонскиот фудбалер побарал да си замине од Наполи.

Иако изјавите на Елмас беа поинакви во текот на сезоната, Черконе тврди дека Елмас не е среќен со улогата на „џокер“ и сака да добива поголема минутажа.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Треба да се спомене дека оваа вест доаѓа само три дена подоцна откако реномираниот „Ла Газета дело Спорт“ објави дека македонскиот репрезентативец е спремен да стави потпис на нов договор до 2025 година. Инвормациите на „Газета“ беа дека Наполи е спремен да му ја зголеми актуелната плата на 1.5 милиони евра годишно.

Елмас во Наполи пристигна во јуни 2019 година на барање на тогашниот стратег на клубот од Неапол, Карло Анчелоти, а Наполи на Фенербахче му исплати 16 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Салфетка со потписот на Меси за Барселона продадена за скоро милион евра📷

Oткако неодамна беше објавено дека на аукција е ставена салфетката на која Лионел Меси пот…