Дома Трансфер зона Пресврт: Ракитиќ донесе конечна одлука

Пресврт: Ракитиќ донесе конечна одлука

Играчот за врска на Барселона, Иван Ракитиќ донесе одлука да го него напушта клубот во зимскиот преоден рок, пренесуваат каталонските медиуми.

Во првиот дел од сезоната Ракитиќ добиваша мала минутажа и често остануваше на клупата за резерви, па силно се шпекулираше дека ќе ја напушти Барселона во јануари.

Хрватот и самиот призна дека повеќе не е среќен во Барселона, а заинтересираните клубови веќе ја започнаа битката за неговиот потпис.

Во последно време Валверде почна да му дава поголема минутажа, а Ракитиќ ја искористи шансата со одлични партии. Според „Марка“ тоа го убедило Хрватот да остане на „Камп Ноу“ до крајот на сезоната и покрај фактот што за него интерес покажуваат Манчестер Јунајтед и Јувентус.

Ракитиќ сигурно ќе остане во Барселона до крајот на сезоната, а на лето ќе влезе во последната година од договорот и најверојатно ќе биде продаден.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал спреми 50 милиони за дефанзивец од Примера

Приоритет на Арсенал во летниот преоден рок ќе биде засилување на одбраната и доведување н…