Дома Фудбал Италија Пресврт: Ништо од Спалети, Милан потпиша со друг тренер!

Пресврт: Ништо од Спалети, Милан потпиша со друг тренер!

0

Лучијано Спалети нема да биде тренер на Милан и покрај тоа што медиумите вчера трврдеа дека е многу блиску до клупата на „росонерите“.

Спалети се договори со Милан, но не успеа да најде заеднички јазик со раководството на Интер, бидејќи се уште е под договор со „нероаѕурите“.

Лучијано Спалети има договор со Интер до 2021 година, и проблем е што тој сака во целост да биде исплатен, додека Инетр е согласен да му плати бонус во висина од платата до крајот на оваа сезона.

Поради тоа Милан мораше да се сврти кон други алтернативи, а последните информации од Апенините се дека постигнал договор со Стефано Пиоли.

Пиоли денес ќе стави потпис на двегодишен договор, а потоа и официјално ќе биде промовиран во нов тренер на Милан, а веќе утре ќе го има првиот тренинг во Миланело.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Кавани како слободен играч доаѓа во Манчестер Јунајтед?

Манчестер Јунајтед катастрофално влезе во новата сезона и со сигурност мора да се засилува…