Дома Фудбал ПРЕСВРТ: Дибала бил во Лондон, но Јувентус во последен момент го откажал трансферот!

ПРЕСВРТ: Дибала бил во Лондон, но Јувентус во последен момент го откажал трансферот!

Се било спремно за голем потпис во Тотенхем, но на крајот се пропаднало.

Имено, еден од најпознатите новинари, Давид Орнстеин пренесе информација дека трансферот на Аргентинецот во Тотенхем пропаднал. Диабала бил во Лондон со својот агент, каде што ги завршил сите потребни работи околу трансферот, а потоа се од еднаш било запрено.

Причината е непозната, а медиумите пренесуваат дека управата на Јувентус едноставно одлучила дека не сака да го продаде Диабала. Иако се било договорено помеѓу двата клуба и останало само Тотенхем и Диабала да ги договорат личните услови, последниот потег го повлекол Јувентус.

Така Тотенхем ќе остане можеби и без најголемото засилување ова лето, а сите се уште чекаме од Јувентус да кажат што се случило. Кога станува збор за Тотенхем тие се уште се обидуваат да го завршат трансферот на Рајан Сесегнон од Фулам, како и Ло Селсо од Бетис.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Холандија ја растури Грција со 7-0: Хет-трик на Рејндерс!

Рејндерс постигна три гола до 33. минута, Тимбер додаде два, а Холандија ја испрати Грција…