Потполно неочекувано сопственикот на Фулам, Шахид Хан се откажа од идејата да го купи легендарниот англиски стадион „Вембли“.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Американскиот милијардер достави понуда од 600 милиони фунти, а следната недела требаше да стигне одговорот, но се случи неочекуван пресврт.
Имено, Хан ја повлече понудата наводно поради фактот што не добил целосна поддршка од страна на Англиската фудбалска асоцијација.
Англиските медиуми тврдат дека Хан се одлучил да ја повлече понудата бидејќи Федерацијата решила да ја одбие понудата и да не го продава легендарниот стадион.