Дома Трансфер зона Препорака за Јунајтед: Доведете го Вертонген

Препорака за Јунајтед: Доведете го Вертонген

Поранешниот играч на Тотенхем, Џермејн Џенас апелира до Манчестер Јунајтед да го донесат дефанзивецот Јан Вертонген.

Вертонген го напушти Тотенхем и моментално е слободен агент, а Манчестер Јунајтед бара дефанзивец кој ќе биде идеален партнер на Хари Мегваер.

„Јан Вертонген како бесплатен трансфер е најдобриот дефанзивец на пазарот. Ако бараш партнер на Мегваер кој знае да игра со топка сметам дека Вертонген е идеален и притоа е бесплатен. Јунајтед добро напредува, но дефанзивно се навистина далеку и сметам дека Вертонген ќе им донесе поголема цврстина“, изјави Џенас.

„Црвените ѓаволи“ се уште не покажуваат интерес за Вертонген и се насочени кон ангажман на Милан Скриниар од Интер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Aко Интер го продаде Лукаку за 120 милиони евра ќе задржи само половина?

На големо во италијанските медиуми се пишува за можниот трансфер на Ромелу Лукаку во редов…