Дома Фудбал Репрезентации Пред шест години Бразил го доживеа најголемото понижување во историјата (ФОТО+ВИДЕО)

Пред шест години Бразил го доживеа најголемото понижување во историјата (ФОТО+ВИДЕО)

Фудбалската репрезентација на Бразил пред точно шест години го доживеа најголемото понижување во својата историја.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


„Кариоките“ беа домаќини на Светското првенство и целата нација очекуваше нивната селекција да дојде до трофејот, дојдоа до полуфиналето, а таму доживеаа историско понижување.

Полниот стадион „Минеирао“ во Бело Хоризонте остана во солзи. Германија ги декласираше и ги понижи „Кариоките“ победувајќи ги со неверојатни 7:1.

После овој пораз бразилските фудбалери беа ставени на столбот на сработ. Навивачите долго време не можеа да им го простат овој пораз кој се смета за најголемо понижување во историјата на оваа славна фудбалска земја.

Срамот беше навистина голем. Германците си поигруваа, правеа што сакаат на теренот, а уште на полувремето беше 5:0, головите ги постигнаа Милер, Клосе, Крос и Кедира.

Во продолжение Шурле постигна уште два гол за почесен гол за Бразилците да постигне Оскар во 90. минута.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Артета: Ќе играме како ѕверови дoмa

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, изјави дека играчите се подготвени да играат како ѕвер…