Дома Кошарка Пред Србија падна и Италија: Србите завршуваат како први во групата (ВИДЕО)

Пред Србија падна и Италија: Србите завршуваат како први во групата (ВИДЕО)

Денес на Светското првенство во Кина во групата Д беше одиграно дербито помеѓу Италија и Србија.

Србија во овој натпревар ја оправда фаворитската улога и славеше со резултат 77:92.

Во првото полувреме видовме одлична кошарка, а Италија го следеше темпото на Србија во погледемиот дел од првата четвртина.

Сепак, попуштија во самата завршница од првата четвртина и тоа се пренесе и во втората четвртина, па на одмор Италијанците заминаа со осум поени заостанување. Беше 50:42 за Србија.

Третата четвртина подобро ја отвори Италија која за малку не дојде до пресврт. Сепак Србија во продолжението ја врата подобрата игра и успеа одново да направи поголема предност.

Најефикасен кај Србија беше Богдановиќ со 31 поен, Јокиќ 15, Јовиќ 12 и Радуљица 13 (сите од слободни фрлаа.

Кај Италијаните Галинари постигна 26 го следеше Белинели со 13, колку што уфрли и Хакет.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Спорот за селекцијата 3х3 прерасна во барање Димевски да замине од МОК

КФМ бара оставка од Даниел Димевски поради спорот околу изборот на репрезентацијата 3х3. Ф…