Дома Трансфер зона Преговорите започнале: Челзи се засилува со напаѓач од 30 милиони евра?

Преговорите започнале: Челзи се засилува со напаѓач од 30 милиони евра?

Eкипата на Челзи би можела во наредниот период да се засили со Карим Адејеми од Борусија Дортмунд.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Оваа вест ја пренесе реномираниот „Билд“ кој тврди дека Челзи започнал преговори и нуди 30 милиони евра за брзоногиот крилен напаѓач.

Пред две години Адејеми пристигна од РБ Салцбург за 30 милиони евра, колку што сега нуди Челзи, но во игра наводно е и Јувентус.

Сепак, во моментов Челзи е поконкретен бидејќи на Адејеми му нуди долгорочен договор и поважна улога во тимот.

Адејеми постигна 14 гола и запиша осум асистенции во дресот на Дортмунд, но не може да се каже дека целосно ги исполни очекувањата.

Ќе биде интересно ако дојде Адејеми, кој ќе биде продаден, особено затоа што најчесто игра на позицијата лево крило, каде што е Михајло Мудрик, кој често е мета на критичарите…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…