Дома Топ вести Преговорите започнаа: Реал го сака Ван де Бек

Преговорите започнаа: Реал го сака Ван де Бек

Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед официјално ги започнаа преговорите за трансфер на Рафаел Варан на „Олд Трафорд“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Варан одби да го продолжи договорот со „кралевите“ и сака да ја промени средината, а Јунајтед е негова прва опција.

„Сан“ пишува дека Реал Мадирд ќе инсистира во договорот за Варан да биде вметнат и Дони ван Де Бек кој првично би дошол во Мадрид како позајмен фудбалер, а Реал да има право на целосен откуп на неговиот договор следната сезона.

Холанѓанецот минатото лето пристигна на Олд Трафорд, но не се снајде најдобро во Премиер лигата и не е во плановите на Солскјер.

Поради тоа медиумите тврдат дека „црвените ѓаволи“ сигурно ќе прифатат да го пуштат во Мадрид како дел од трансферот на Варан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…