Дома Трансфер зона Преговорите во напредна фаза: Јовиќ се поблиску до Милан

Преговорите во напредна фаза: Јовиќ се поблиску до Милан

Лука Јовиќ после само една сезона би можел да го напушти Реал Мадрид и да се пресели во Серија А.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Српскиот напаѓач беше донесен од Ајнтрахт за 60 милиони евра, но не ги оправда очекувањата. Ретко добива шанса, а шпански „Дон Балон“ пишува дека е „пречкртан“ во плановите на Зинедин Зидан.

„Марка“ наведува дека прв во редот заинтересирани за неговите услуги е италијанскиот гигант Милан, кој веќе започнал преговори со Реал Мадрид.

Јовиќ е прва желба на раководството на „росонерите“ кои следната сезона сакаат да го формираат тандемот Ребиќ – Јовиќ.

Последните информации од Апенините се дека Јовиќ веќе му кажал ДА на Милан и „росонерите“, а Реал за неговата слобода бара 40 милиони евра.

Милан е спремен да понуди 35 милиони плус бонуси, па двата клуба се блиску до договор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…