Дома Фудбал Останато Преговорите во завршна фаза: Нејмар става потпис на нов договор

Преговорите во завршна фаза: Нејмар става потпис на нов договор

Пари Сент Жермен е блиску до договор со бразилската ѕвезда Нејмар за продолжување на соработката.

Откако изминатата година Нејмар настојуваше да го напушти ПСЖ и да се врати во Барселона, работите се променија и тој има намера кариерата да ја продолжи во Париз.

Една од причинит поради кои се предомисли е „превирањата“ во Барселона и можноста Лео Меси да дојде во Париз на лето.

Нејмар има договор со ПСЖ до 2022 година и моментално заработува 31 милион евра годишно. Со новиот договор Бразилецот ќе добие скоро иста плата, но многу поголеми бонуси.

Пристигнувањето на новиот тренер Маурисио Покетино само ги забрза преговорите помеѓу двете страни, па Нејмар е многу блиску до потпис на нов договор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Сити се искачи на врвот од Премиер лигата🎥

Манчестер Сити потешко од очекуваното ја совлада Астон Вила (2:0) и се искачи на врвот од …