Дома Фудбал Прв тренерски отказ во Премиер лигата, Раниери се враќа на Островот

Прв тренерски отказ во Премиер лигата, Раниери се враќа на Островот

Раководството на Ватфорд му врачи отказ на тренерот Сиско Муњоз, што е прва тренерска смена оваа сезона во Премиер лигата.

41-годишниот стратег помалку од една година помина на кормилото на Ватфорд, а денес беше отпуштен поради слабите резултати.

Ватфорд моментално е на 14-то место во Премиер лигата и запиша 4 порази на последните шест меча.

Италијанските медиуми пренесуваат дека прв фаворит за негов наследник е искусниот Клаудио Раниери.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барселона го торпедираше Алавес со 6-1: Рафиња и Јамал со по два гола!

Барселона постигна четири гола до паузата, а потоа ја заокружи убедливата победа над Алаве…