Дома Фудбал Прво изненадување: Словачка ја нокаутира Белгија🎥

Прво изненадување: Словачка ја нокаутира Белгија🎥

Репрезентацијата на Словачка го приреди најголемото изненадување до сега на Европското првенство и ја победи фаворизираната Белгија со 1:0.

Уште во третата минута од мечот со Лукаку имаше голема шанса, но не успеа да постигне гол од пет метри. Казната стигна неколку минути подоцна кога Иван Шранц ја донесе Словачка во водство.

Лукаку не престана со серијата на промашувања и во 43-та минута повторно излезе сам пред голанот Дубравка, но не успеа да го совлада.

Белгија продолжи да бара израмнување, посебно притисна во вториот дел, кога на Ромелу Лукаку не му беа признати два гола по ВАР проверка, а Белгија имаше уште неколку фантастични шанси.

На крајот Словачка се одбрани и се избори за сензационална победа против големиот фаворит.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барселона го торпедираше Алавес со 6-1: Рафиња и Јамал со по два гола!

Барселона постигна четири гола до паузата, а потоа ја заокружи убедливата победа над Алаве…