Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Благоја Милевски денес ќе ги тестира квалитетите на фудбалерите од домашното првенство.




Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Македонија ќе игра контролен натпревар против Саудиска Арабија во Абу Даби. Во термин кој не во календарот на ФИФА и УЕФА, фудбалерите од ПМФЛ ќе добија прилика да се докажат пред селекторот во националниот дрес. Саудиска Арабија е квалитетена репрезентација, доказ за тоа е и нивното учество на претстојниот Мундијал во Катар.




Единствените двајца кои не се дел од македонското првенство на списокот на Милевски се Дарко Велоковски и Кристијан Тошевски. Мартин Стојанов се повреди непосредно пред патувањето.




Фудбалерите веќе одработија два тренинзи во Абу Даби и денес ги чека натпреварот во терминот од 16:30 часот.




„Ја анализиравме селекцијата на Саудиска Арабија, иако со оглед на тоа дека мечот е од затворен тип, или тренинг натпревар, ќе има многу промени и шанса ќе добијат веројатно сите фудбалери. Акцентот го ставаме на нашата игра и можноста да ги исполниме тактичките замисли. Работиме добро на подготовките и утре треба сите да се увериме дека можеме да ја постигнеме целта. Против репрезентација која е учесник на Светското првенство мораме да бидеме и компактни и агресивни, но и трпеливо да ја бараме својата шанса“, изјави Милевски пред овој дуел.