Дома Фудбал Првиот човек на францускиот фудбал си поднесе оставка

Првиот човек на францускиот фудбал си поднесе оставка

Претседателот на Француската фудбалска федерација (ФФФ) Ноел Ле Грае денеска поднесе оставка, после 11 години на чело на францускиот фудбал.

81-годишниот Ле Грае реши да се повлече откако ревизијата на Владата покажа дека тој повеќе нема легитимитет да ја води Федерацијата поради несоодветното однесување кон жените и неговиот начин на управување.

Ла Грае, исто така, се наоѓа и на Суд поради вознемирување на неколку француски репрезентативки, а тужбата ја поднесе Соња Суид.

До јуни 2023 година прв човек на фудбалскиот сојуз ќе биде Филип Диало, по што ќе има претседателски избори.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Клубската минутажа му дава надеж на Седлоски за пресврт во Глазгов

Македонија против Шкотска ќе се обиде да ја прекине серијата од четири порази. Седлоски оч…