Дома Фудбал Првиот човек на ФИФА ги налути фановите на Јувентус

Првиот човек на ФИФА ги налути фановите на Јувентус

Претседателот на ФИФА, Џани Инфатино присуствуваше на настан во Фиренца на кој разговараше со новинарите, а во таа прилика ги налути фановите на Јувентус.

При одговарањето на прашања од новинарите Инфантино случајно или намерно испрати провокација кон „старата дама“.

„Најважно е што ние сме во Фиренца, а Фиорентина победи, Јувентус изгуби, па така се е добро. Интер победи и затоа и јас сум среќен. Ова е идеален ден да бидеме тука во Фиренца“, изјави Инфантино кој важи за фан на Интер и во оваа прилика не го заборави големото ривалство помеѓу Јувентус и Фиорентина.

Фановите на Јувентус се револтиран и испраќаат критики кон првиот човек на ФИФА, порачувајќи дека како прв човек на ФИФА не смее да си дозволи вакви јавни настапи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Куртоа сака да купи италијански клуб, сопственикот чека обврзувачка понуда

Фондот што го основаше голманот на Реал Мадрид е заинтересиран за целосно преземање на Реџ…