Дома Фудбал Италија Првенецот за Милан на Пакета имаше емотивна посвета: Овој погодок е за нив (ВИДЕО)

Првенецот за Милан на Пакета имаше емотивна посвета: Овој погодок е за нив (ВИДЕО)

Тимот на Милан игра се подобро и подобро во продолжение од сезоната, а една од причините е добро одработениот преоден рок и засилувањата Лукас Пакета и Криштоф Пјонтек кои играат одлично.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Во вчерашниот натпревар Пјонтек одново беше стрелец, а својот прв погодок во Серија А го постигна и Бразилецот Лукас Пакета.

Пакета првенецот во Серија А го прослави навистина емотивно. После натпреварот откри дека голот го посветил на трагично загинатите млади фудбалери во трагедијата која го погоди неговиот поранешен клуб Фламенго.

„Тоа беше важен момент за мене како и за сите навивачи на Фламенго. Ништо што би се кажало не би можело да ја ублажи болката по оние кои прерано не напуштија. Мојот првенец во дресот на Милан го посветувам на оние кои трагично ги загубија животите“, изјави Бразилецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Меси ги посочи главните конкуренти за Аргентина на Светското првенство

Лионел Меси ги брои деновите до почетокот на новото Светско првенство, каде што со репрезе…