Дома Македонски спорт Прва изјава на Чурлинов по потписот за Барнли

Прва изјава на Чурлинов по потписот за Барнли

Репрезентативецот на Македонија Дарко Чурлинов од денес и официјално е нов играч на англиски Барнли со кој во новата сезона ќе се натпреварува во Чемпионшип.

Штутгарт од неговиот трансфер ќе добие пет милиони евра. Веднаш по потписот Чурлинов ја даде и првата изјава за сајтот на Барнли.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


„Возбуден сум што ќе играм тука и едвај чекам да излезам на теренот во новата сезона. Нема време за губење и ќе давам се од себе на секој натпревар“, изјави Чурлинов.

Чурлинов ќе биде во составот на Барнли за утрешниот натпревар против Блекпул.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Вардар го совлада Охрид за „три од три“ во плејофот на Суперлигата

Ракометарите на Вардар забележаа значајна победа против тимот на Охрид во рамките на плејо…