Дома Фудбал Останато По освоеното Европско првенство, Јамал ужива во Грција 📸

По освоеното Европско првенство, Јамал ужива во Грција 📸

Најголемата фудбалска сензација на денешницата, младиот Шпанец Ламине Јамал, ужива во заслужениот одмор по освојувањето на Европското првенство, а за одмор ја избра Грција која често пати е посакувана атракција меѓу фудбалерите.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Јамал (17) беше еден од клучните фактори на шпанската репрезентација во патот кон титулата европски шампион во која неговата селекција го освои трофејот со максимален број на победи. Јамал одигра одлично првенство и беше прогласен за најдобар млад играч на турнирот.

По првенството Јамал замина на краток одмор, додека неговиот клуб Барселона веќе ги започна подготовките. За да не заостанува премногу одморот ќе му биде пократок. Сепак, тој нема да патува со тимот на американската турнеа. Во тој период Јамал заедно со Феран Торес и Педри ќе работи одвоено.

Друштво во Грција на Јамал му прави неговата девојка, Алекс Падила. Младиот пар фотографии од летниот одмор објави на социјалните мрежи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Нов срамен потег на Роналдо: Вакво нешто не се гледа секој ден (Видео)

Фудбалерите на Ал Наср го загубија финалето на Азиската лига на шампиони 2, каде што подоб…