Дома Фудбал По новата изјава на Мурињо навивачите на Јунајтед сигурно ќе бидат гневни

По новата изјава на Мурињо навивачите на Јунајтед сигурно ќе бидат гневни

Манчестер Јунајтед вчера беше поразен од Севиља и доживеа елиминација од најелитното европско натпреварување.

Секако по натпреварот сите ја очекуваа изјавата на Португалецот, Мурињо на конференцијата порача дека е поразите се составен дел од фудбалот и животот, како и дека утре е нов ден.

Фановите на Јунајтед на Твитер дури и бараа негова оставка, а со новата изјава веројатно уште повеќе ќе го навлече гневот на фановите, иако веројатно не мислеше ништо лошо.

„Го исфрлил Манчестер Јунајтед со Порто, потоа со Реал, во суштина ова вечерва не е ништо ново за овој клуб“, изјави Мурињо.

По оваа негова изјава сигурно дека ќе се зголеми бројот на фанови кои ќе посакуваат тој да го напушти клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Канаваро ја откри големата желба: Сакам да ја водам Италија!

Фабио Канаваро мечтае за клупата на „аѕурите“, а сè уште нема одговор зошто Удинезе не го …