Дома Фудбал Германија По заминувањето на Салихамиџиќ, легендата се врати во Баерн

По заминувањето на Салихамиџиќ, легендата се врати во Баерн

Карл Хајнц Румениге повторно е дел од Баерн, како дел од Надзорниот одбор на клубот.

Румениге се врати во клубот во кој беше генерален менаџер од 2001 до 2021 година. Причината поради која се враќа е заминувањето на Хасан Салихамиџиќ со кого тој имаше несогласувања и затоа си замина пред две години. Сега се враќа само неколку дена по отказот за Салихамиџиќ.

„Благодарен сум на клубот што ме повика да помогнам. Чест ми е. Постигнав многу успех со Баерн и сакам така да продолжам“, изјави Румениге по враќањето.

Во времето на Румениге како директор, Баерн освои 14 титули шампион на Германија и две во Лигата на шампионите. Ќе потсетиме, по завршувањето на сезоната освен што си замина Салихамиџиќ, си замина и Оливер Кан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Федерико Киеза на излез од Ливерпул, три клуба заинтересирани

Федерико Киеза би можел да го напушти Ливерпул и да се врати во Серија А, со интерес од Ин…