Дома Фудбал Италија По десет години отпаднаа од лигата, но за тоа ќе добијат вистинско богатство

По десет години отпаднаа од лигата, но за тоа ќе добијат вистинско богатство

0

Најсилните европски лигашки натпреварувања полека влегуваат во самиот финиш, а судбината на некои клубови веќе е утврдена.

По полни 10 години престој во Серија А минатиот викенд најквалитетниот ранг во италијанскиот фудбал го напушти Киево. Популарниот клуб од Верона загуби од Наполи и така се збогуваше од елитата.

Испаѓањето од лигата на Киево му донесе вистински богатство со оглед на тоа што ќе заработаат дури 25 милиони евра, најмногу од тимовите кои ќе ја напуштат Серија А. Дека клубот од Верона ќе си оди кон патот за Серија Б можеше да се претпостави уште на почетокот на сезоната, поради малверзациите на сопственикот Кампдели сезоната ја започана со минус од три бода.

Три клуба кои ќе испаднат меѓусебно ќе поделат 60 милиони евра, а повеќе пари од Киево би можел да добие само Удинесе, бидејќи популарните „Зебри“ имаат подолг стаж во Серија А. Според сегашната состојба на табелата во Серија Б ќе испаднат Фросиноне и Емполи, клубовите кои минатата сезона изборија промоција.


Следете го Sportski.mk и на


Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Рафаел Ван Дер Варт го промени спортот! (ФОТО)

Рафаел Ван Дер Варт направи голема промена во својот живот. Поранешниот холандски фудбалер…