Вардар полека но сигурно го комплетира составот за наредната натпреварувачка сезона.

По Сергеј Горбок, Вардар договори уште еден репрезентативец на Русија. Младиот 23-годишен играч на Санкт Петербург, Дмитри Кисељев, и дефинитивно се договори со тимот на Вардар да потпише договор во важност од две години.

Кисељев игра на позицијата десен бек, оваа сезона е убедливо најдобар играч на својот тим, а веќе две години наназад е и стандарден член на репрезентацијата на Русија.

Со својте голови, Кисељев треба да биде еден од главните играчи во нападот на “црвено – црните”.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Штип УГД со пресврт ја освои Струмица и ги однесе трите бода

Шампионот загуби драматичен прв сет, но потоа ја совлада Струмица со 3:1 во третото коло о…