Дома Фудбал Потрагата заврши: Манчестер Јунајтед има нов менаџер!

Потрагата заврши: Манчестер Јунајтед има нов менаџер!

Манчестер Јунајтед ја заврши потрагата по нов менаџер и постигна договор со искусен тренерски стратег, пренесоа сите англиските медиуми.

После отазот на Солскјер тимот го води Мајкл Карик, но клубот беше во интензивна потрага по нов тренер.

Со оглед на фактот дека тешко може да најде еминентно тренерско име на средина од сезоната, раководството се одлучи за привремен тренер до крајот на сезоната.

Сите англиски медиуми потврдија дека е постигнат договор и Ралф Рагник ќе ги води „црвените ѓаволи“ до крајот на годината.

Германецот по завршување на договорот може да остане на директорската функција, бидејќи има искуство и како спортски директор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ричардс го отпиша Ѓокереш? „Арсенал мора да бара повеќе голови“

Мика Ричардс смета дека Ѓокереш добил доволно шанси, но не ја оправдал довербата. Според н…