Дома Останати Потешко од очекуваното, Хрватска запиша нови бодови во главната фаза против Белорусија

Потешко од очекуваното, Хрватска запиша нови бодови во главната фаза против Белорусија

Домаќинот Хрватска во неочекувано драматична завршница, успеа да славе над Белорусија со 25:23 во рамки на првото коло од главната фаза во групата 1.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Иако ракометарите на Червар беа во постојано водство, Белорусија беше блиску да направи изненадување.

На полувреме, домаќинот замина со позитива од 3 гола, односно 15:12.

Во вториот дел иако се очекуваше поагресивна игра на Хрватска, следеше неизвесно полувреме исполнето со вистинска драма во финишот.

Кулеш изедначи на две минути до крајот, по што Червар беше принуден да побара тајм-аут. По паузата, на сцена стапи Лука Циндриќ кој погоди за 24-23 под закана за пасивен напад.

На крајот речиси со звукот на сирената, Копљар ги постави конечните 25:23.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

ЕХФ ѝ додели организација на Македонија на ЕП до 18 години!

Македонија доби уште една значајна организација на големо ракометно натпреварување, откако…