Дома Фудбал Англија Потер добивал смртни закани: Сакаат да ме убијат

Потер добивал смртни закани: Сакаат да ме убијат

Навивачите на Челзи ги преминале сите граници и му се заканувале на тренерот Грем Потер и неговото семејство поради лошите резултати на клубот.

Челзи игра катастрофално под водство на Потер, кој добива поддршка од раководството на клубот, но очигледно навивачите не се среќни поради тоа.

Некои навивачи ја надминале секоја граница и му се заканиле на тренерот Потер, кој случајот го пријавил во полиција.

„Колку што имам поддршка, толку имам и лоши мејлови со закани. Сакам да бидам успешен со Челзи. Кога одите на работа и некој ве навредува, нема да ви биде убаво. Добивам закани по својот живот и животот на семејството“, откри Потер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Возиња: Животот ми беше подобар пред Светското првенство

Возиња (40) го живее својот живот поинаку отколку порано. Пресвртната точка беше на Светск…