Дома Македонски спорт Мак фудбал Потенцијалните репрезентативци го победија Работнички со 2:0

Потенцијалните репрезентативци го победија Работнички со 2:0

Денес селекторот Игор Ангеловски со репрезентацијата составена од потенцијални идни репрезентативци го победи Работнички со 2:0.

Головите за репрезентацијата ги постигнаа Љупочо Дориев и Фати Исмаили, Дориев стрелаше во првото полувреме, Исмаили во второто. Македонија имаше уште неколку прилики, но не ги искористи.

Стефан Ашковски беше еден од подобрите на теренот имаше и одлична прилика да постигне гол. Солиден беше и Енур Тотре кого Ангеловски веќе неколку пати го повикуваше во репрезентацијата за последните натпревари.

Ќе потсетиме, Ангеловски овој тренинг камп го повика пред се поради одлуката на ФИФА клубовите да може да им забранат на одредени играчи да играат за своите репрезентации на Европското првенство поради ковид ситуацијата.

Фото: ФК Работнички

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Тихомир Костадинов асистент во важната победа на Ружомберок 🎥

Репрезентативецот на Македонија Тихомир Костадионов денес беше асистент во победата на Руж…