Дома Македонски спорт Потврдено: Томовски е пред трансфер во Вардар!

Потврдено: Томовски е пред трансфер во Вардар!

Македонскиот репрезентативен голман Мартин Томовски одби да го продолжи договорот со германскиот бундеслигаш Лидвигсхафен и по се изгледа ќе се врати во македонскиот ракомет.

Томовски е пред трансфер во Вардар, а потврда за тоа дојде и од германскиот тим. Тоа го потврди управниот директор на Лудвигсхафен, Лиса Хеслер.

„Мартин кај нас пристигна премногу млад и тој се уште е млад и има потенцијал да напредува уште повеќе. Ако ја прифати понудата интернационално успешен клуб од неговата земја тогаш сосема ќе го разбереме и ќе ги прифатиме неговите амбиции“, изјави Хеслер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Прилеп повторно ќе има ултра-предизвик: 56 километри на „Крали Марко“

Ултра-дистанцата се враќа на програмата на „Крали Марко трејлс“ за 7 март 2027 година. Чет…