Дома Фудбал Останато Потврдено: Видиќ добил понуда да се врати во Манчестер Јунајтед! (ВИДЕО)

Потврдено: Видиќ добил понуда да се врати во Манчестер Јунајтед! (ВИДЕО)

Поранешниот капитен на репрезентацијата на Србија и легенда на Манчестер Јунајтед би можел да започне нов кариера.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Кумот на Немања Видиќ, Ненад Лалатовиќ во разговор за српските телевизии откри дека Видиќ размислува да се занимава со тренерска работа и дека добил понуда од Манчестер Јунајтед.

„Видиќ живее во Милано и во овој момент размислува да се занимава со тренерската работа. Веќе доби понуда да го води вториот тим на Манчестер Јунатед. Јас му кажав: Куме, тоа тие идеална прилика ако сакаш да се занимаваш со тоа. Најдобар дефанзивец си на сите времиња и мислам тоа е вистинска понуда за тебе“.

„Јас навивам за тоа да биде тренер на вториот тим на Манчестер Јунајтед, а потоа да дојде и до првиот тим. Да ги врати на патеките на кои Манчестер Јунајтед треба да биде“, изјави Лалатовиќ.

Навистина ова изгледа како одлична понуда за Видиќ, а дали ќе ја прифати останува да видиме.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Роналдо го игра „последниот танц“ на Мундијалите

Португалската фудбалска ѕвезда Кристијано Роналдо потврди дека актуелното Светско првенств…