Дома Фудбал Германија Потврдено: Борусија Дортмунд има нов тренер!

Потврдено: Борусија Дортмунд има нов тренер!

Борусија Дортмунд пред два месеци му врачи отказ на тренерот Лусиен Фавр, а денес го потврди тренерот за следната сезона.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Имено, тренерот на Борусија Мехенгладбах, Марко Розе од следната сезона ќе седне на кормилото на Борусија Дортмунд.

Борусија Дортмунд денес потврди дека ќе ја активира откупната клаузула во договорот на Розе, која изнесува 5 милиони евра.

44-годишниот Германец веќе има комплетен договор со Борусија Дортмунд и ќе седне на кормилото по завршување на сезоната.

Марко Розе веќе втора сезона е на кормилото на Мехенгладбах. Минатата сезона успеа да го пласира тимот во Лигата на шампиони, а оваа сезона веќе избори пласман во осминафиналето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Иран херојски ја запре Белгија

Националните тимови на Белгија и Иран одиграа реми 0:0 во Инглвуд, Калифорнија, во вториот…