Дома Фудбал Италија Потврдено: Бонавентура утре оди под нож – сезоната за него е завршена!

Потврдено: Бонавентура утре оди под нож – сезоната за него е завршена!

Играчот на врска за Милан, Џакомо Бонавентура отпатува за САД каде ќе му биде извршена операција на лигаментите од коленото.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


За жал повредата се покажа полоша од предвиденото, па Бонавентура ќе мора да оди на операција, а потоа му следува долг период на рехабилитација околу 7-8 месеци.

Тоа значи дека сезоната за Италијанецот е завршена, а тоа е сериозен удар за „росонерите“ бидејќи Бонавентура беше еден од најважните играчи во тимот на Гатузо.

Во Милан во моментов владее вистинска „епидемија“ на повреди, па надвор од теренот се точно десет фудбалери, меѓу кои Калдара, Мусакио и Бонавентура ќе отсуствуваат повеќе месеци, а Ромањоли ќе се врати во јануари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Teнзии во Швајцарија: Соиграчи биле бесни на Џака? Ова може да е голема шанса за БиХ!

Пред средбата со Босна и Херцеговина, во таборот на Швајцарија се зголемуваат тензиите пор…