Дома Фудбал Лига на шампиони Потврдена казната на Конте: Тотенхем без италијанскиот стратег во одлучувачкиот натпревар

Потврдена казната на Конте: Тотенхем без италијанскиот стратег во одлучувачкиот натпревар

Eкипата на Тотенхем ќе биде без Антонио Конте кој ќе го пропушти претстојниот натпревар против Олимпик Марсеј, последен во групата и решавачки за пласман во нокаут фазата од Лигата на шампионите, поради црвениот картон на натпреварот против Спортинг.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Вчера во Лондон, Тотенхем одигра 1:1 против Спортинг во петтото коло, а во шестата минута од судиското надополнување, по употребата на ВАР технологијата, голот на Хари Кејн беше поништен. Потоа Конте поради жестоките протести доби црвен картон.

Ако Тотенхем победеше во тој натпревар ќе имаше обезбеден пласамн во осминафиналето, но сега се ќе се решава во последното коло на 1. ноември.

Лондонскиот тим е прв на табелата со осум бодови, а го следат Спортинг и Ајнтрахт со по седум бодови, додека Олимпик е последен со шест.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Од трагедија до лудило: Габриел доживе неверојатен пресврт кој никој не го очекуваше

Додека играчите на ПСЖ славеа нова титула и потврда за својата доминација во Европа, во др…