Дома Фудбал Останато Постигнат договор: Нејмар во ПСЖ до 2026 година

Постигнат договор: Нејмар во ПСЖ до 2026 година

Бразлската ѕвезда Нејмар постигна договор со ПСЖ за продолжување на соработката до 2026 година, потврдија француските медиуми.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Откако изминатата година Нејмар настојуваше да го напушти ПСЖ и да се врати во Барселона, работите се променија и тој одлучи кариерата да ја продолжи во Париз.

После неколкумесечни преговори двете страни постигнаа согласност и наскоро Нејмар ќе стави потпис на договор до 2026 година.

Нејмар за неколку дена ќе наполни 29 години, па новиот договор значи дека многу веројатно тој ќе ја заврши кариерата во ПСЖ.

Нејмар има договор со ПСЖ до 2022 година и моментално заработува 31 милион евра годишно, а финансиските детали од новиот договор се уште не се познати.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Најдобриот фудбалер во Франција стартер бил само на девет натпревари

Фудбалерот на Пари Сен Жермен, Осман Дембеле (28), повторно е прогласен за најдобар играч …