Политиката на подмладување на тимот продолжува.
После Винисиус за кого платија 45 милиони евра и го оставија во Фламенго уште една сезона, Реал договори нов фудбалер.
Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Уште една млада ѕвезда ќе го носи дресот на „кралевите“. Во прашање е „десетката“ на младинскиот тим на Бразил кој игра на СП, Алан.
Овој фудбалер на Палмеирас е висок само 163 санитимери, многу потсетува на Кутињо и во отсуство на Винисиус е прва ѕвезда на репрезентацијата. Реал беше заинтересиран и за Линколн кого го сака и Барса, но на крајот го доведе Алан.
Според информациите од Бразил и тој ќе биде платен околу 45 милиони евра.
Во Мадрид би требало да пристигне во текот на летото, од каде што би бил проследен во друг клуб на позајмица, а до тогаш ќе игра во Палмеирас.
Ова е само продолжување на подмладувањето на тимот, ќе се врати Одегард, тука се Тео, Себаљос, Асенсио, па тука со некои постари играчи како Иско и евентуално Дибала или Гризман, Реал би можел да состави тим за нова деценија…